дома Актуелно СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на границите од 1 јуни и отворање на кафаните и кафулињата.

Ова е препорака на Комисијата, а одлуката треба да ја донесе Владата на првата наредна седница, која сè уште не е закажана.

Според министерството за здравство, до вчера, 25 мај во Македонија беа регистирани 1.999 заболени и 113 починати од Ковид-19.