дома Занимливости СКОПСКИ ЏУМБУШЛИЈА: Со танц и песна на автобуска го славеше доаѓањето на...

СКОПСКИ ЏУМБУШЛИЈА: Со танц и песна на автобуска го славеше доаѓањето на викендот (ВИДЕО)

Приреди бесплатна забава за луѓето кои чекаа на автобуската постојка

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Крајот на работната недела секогаш го крева духот кај луѓето. Колку и да биле напорни работните денови едноставно знаете дека веќе се зад вас. Ви претстојат два слободни дена во кои можете да им се посветите на вашите омилени активности.

Најверојатно, имајќи го сето тоа на ум, овој скопјанец не можеше да ја задржи еуфоријата и реши да ја сподели со своите сограѓани кои чекаа на автобуската постојка кај Рекорд, во центарот на градот. Не му пречеше ниту големата раздвиженост која е карактеристична за Скопје во попладневните часови.

Иако во брзање, некои од сведоците на настанот успеаја да го регистрираат на камера несекојдневниот гест на овој џумбушлија.