дома Хроника СКОПЈАНЕЦ ,,СЛЕТА“ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО: Ја пробил бетонската заштита и удрил...

СКОПЈАНЕЦ ,,СЛЕТА“ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО: Ја пробил бетонската заштита и удрил во електричен столб

Автомобил со скопски регистарски таблички, рано утрово, изгубил контрола на кружениот тек кај гимназијата, ја пробил бетонската заштита и удрил во паркирано возило кај продавницата на „Жито леб“ во центарот на Охрид.

Причина за незгодата најверојатно е неприлагодена брзина. Во инцидентот предизвикана е поголема материјална штета. Засега нема информации за здравствената состојба на патниците.

Ова е втора сообраќајна незгода за еден ден што се случува на кружен тек во Охрид поради неприлагодена брзина, исто така на булеварот Туристичка, на кружниот тек во близина на бензинската на „Окта“, вчера рано утрото, возило ја проби бетонската заштита и удри во електричен столб.

Извор+фото: Охридњус