дома Хроника Скопјанец ја огpaбил фирмата во која работи, а потоа пpијавил kpaжба

Скопјанец ја огpaбил фирмата во која работи, а потоа пpијавил kpaжба

Полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба по добиени оперативни сознанија ги привеле М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје, а во врска со пријавено кривично дело разбојништво на 18.11.2020, при што бил одземен дневниот промет од фирма за брза достава на пратки.

Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат с.Чифлик-с.Рженичино кај место викано Кисела Вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет, а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво.

По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.