дома Македонија СКОПЈАНИ И ОД СВОИТЕ ДОМОВИ ПОЧНАА ДА ГО ВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Скопјани...

СКОПЈАНИ И ОД СВОИТЕ ДОМОВИ ПОЧНАА ДА ГО ВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: Скопјани отпоздравуваа и се приклучија на црвено-жолтите

Скопјани денеска од своите домови го вееја македонското знаме за да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

Денеска е 24 ден откако граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ги почна масовните протести во Скопје, на кои набрзо се приклучија 42 градови и населени места.

Граѓаните секојдневно излегуваат на улиците низ цела Македонија со цел да кажат јасно дека не ја прифаќаат Тиранската платформа, која ја ја потпишаа албанските партии под покровителство на албанскиот премиер, Еди Рама.