дома Занимливости „СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“ – АПРИЛИЈАДА 2019 НА ПЛОШТАД „МАКЕДОНИЈА“: Голема журка за...

„СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“ – АПРИЛИЈАДА 2019 НА ПЛОШТАД „МАКЕДОНИЈА“: Голема журка за најмладите на Плоштад по повод 1 април

Детскиот културен центар (ДКЦ) „Карпош“ и Град Скопје организираат априлијада под мотото „Скопје се смее“. Манифестацијата ќе се одржи на 1  Април 2019 год. (понеделник) од 11.00 до 16.00 часот на плоштад „Македонија“, а се најавува како голема детска журка.

Поканата се однесува за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје.

Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет и останатите секции  на ДКЦ „КАРПОШ“,  Златно славејче, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите: Спајдермен, Ајронмен, Супермен,Бетмен.

Учество ќе земат и децата кои ги освоија нашите срца, а освојуваат и многубројни награди и врвни признанија во својата категорија, а тоа се децата со Даунов синдром од Трисомија21.

Оваа година плоштадот ќе биде поделен во неколку зони каде ќе има нај различни активности за посетителите.

Организаторите на настанот најавуваат и други изненадувања, па затоа ќе мора да дојдете и да ги видите.

Бонус забава од 16.00 до 19.00 исто така на Плоштад Македонија со малдите таленти:Мина Блажев, Елита Зибери и Лина Пејовска, како и еминентните музички уметници:Александар Митевски, Арбен  Бени Шаќири и музичкото училиште Music House. Забавата продолжува со DJ Ampov за сите „големи деца“ од 17.00 часот на Плоштад Македонија.

Водител на настанот ќе биде неповторливиот Мартин 99 Трпчевски.