дома Македонија Скопје со проблеми при водоснабдување – апел за рационално користење на водата

Скопје со проблеми при водоснабдување – апел за рационално користење на водата

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење се соочуваме со сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од градот. Во изминатиов период резервоарите за вода во Радишани и Гази Баба, заради преголемата потрошувачка, не можат да се наполнат и да го постигнат својот капацитет за работа.

Затоа ЈП Водовод и канализација – Скопје врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, кои во континуитет најавуаат високи температури во наредиот период, уште еднаш апелира до жителите на градот Скопје рационално и внимателно да се користи водата за пиење.