дома Македонија СЛАВЕА ДРЖАВЕН ПРАЗНИК, БЕЗ СОПСТВЕНИОТ НАРОД: Со странци и туѓинци, без поддршка...

СЛАВЕА ДРЖАВЕН ПРАЗНИК, БЕЗ СОПСТВЕНИОТ НАРОД: Со странци и туѓинци, без поддршка и чест од народот – Македонците испратија порака до Заев и СДС!

Пелинце никогаш не било попразно. Неколку партиски делегации, 30-тина пензионери, а најбројни беа стотици полицајци во униформа и цивил. МПЦ не испрати свои претставници со што испрати силна порака до Зоран Заев и СДС.

Погубните политики на СДС, кај граѓаните на Република Македонија наидуваат на се поголем отпор и револт. Доказ за тоа е и денешната прослава во Меморијалниот центар АСНОМ, Пелинце. Природните пространства на Пелинце денеска останаа празни. СДС се казнети и оставени сами на поинаков начин да ја научат лекцијата. Денешниот гламур со стотиците полицајци, служби и контроли пропадна. Меѓу себе коментираа полицајците.

Покрај тоа што граѓаните ги казнија, на чествувањето во Пелинце не дојде ниту членството на СДС од Куманово, Скопје, Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Протоколот на настанот беше тотално фијаско, делегациите не биле информирани како ќе се одвива церемонијата. Старите и изнеможтени борци и ветераните останаа на силното сонце да чекаат додека да се снајдат одговорните.

 

Денешната порака која ја испратија граѓаните на Република Македнија и Македонската Православна Црква е силна порака до Заев и СДС, од нив зависи како ќе ја протолкуваат, истакнуваа пензионерите и борците кои беа таму.