дома Актуелно СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Дедо Мраз тргна на светската турнеја, а неговиот пат...

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Дедо Мраз тргна на светската турнеја, а неговиот пат можете да го следите во живо тука!

Без разлика дали верувате или не во симпатичниот дедо кој носи подароци, оваа апликација е вистински хит

Времињата се променија, па така и децата денес преку апликациите на своите таблети и мобилни телефони можат да го пратат Дедо Мраз каде се наоѓа во моментот и каде носи подароци. На иницијатива на НОРАД, која веќе неколку децении го следи Дедо Мраз, беше направена и оваа аплкација.

Дедо Мраз веќе ја започна Божикната и Новогодишна турнеја.

Својата резиденција на Северниот Пол ја напушти околу 16.30 по локално време. Како и обично, Дедо Мраз ја наполни санката која ја влечат девет ирваси. Во првите два часа од патувањето успеа да испорача повеќе од 70.000 подароци. Неговата прва станица беше рускиот град Јелизово на Камчатка.