дома Религија СЛЕДЕТЕ ГО ИСТОРИСКИОТ НАСТАН ВО ЖИВО: Моштите на Св.Никола Чудотворец префрлени од...

СЛЕДЕТЕ ГО ИСТОРИСКИОТ НАСТАН ВО ЖИВО: Моштите на Св.Никола Чудотворец префрлени од Бари во Москва!

Специјалниот лет со моштите на Свети Никола Чудотворец пристигна на аеродромот во Бари, откаде отпатуваа за Москва. Директниот пренос од пристигнувањето на моштите во Москва можете да го пратите тука

Светецот кој за прв пат во историјата го напушта Бари, каде се чува веќе 930 години, го пратат началникот на Одделението за надворешни односи на Московскат патријаршија митрополит Иларион и надбискупот Франческо Какучи.

Руските верници ќе го добијат левото ребро од Светиот Никола.

Тоа се наоѓа во посебен ковчег под блиндирано стакло. На тој начин прв пат дел од моштите од најценетиот христијански светец ќе бидат ставени на увид на јавноста, бидејќи моштите во Бари се наоѓаат во зазидана гробница под мермерна плоча тешка 32 тони и не може да се видат.

Во Москва овој светец ќе биде пречекан од Московското свештенство. Се очекува дека моштите ќе пристигнат во храмот Христ Спасител за време на свечената служба околу 18 часот по московско време. Кивотот со моштите ќе го дочека лично патријархот Кирил.