дома Македонија СЛЕДНАТА ГОДИНА, НОВО ИМЕ: Коѕијас очекува спорот за името да се реши...

СЛЕДНАТА ГОДИНА, НОВО ИМЕ: Коѕијас очекува спорот за името да се реши следната година!

Коѕијас најави дека Грција е спремна за решавање на прашањето за името и дека тоа ќе го стави јасно на знаење на своите партнери во ЕУ и на Вашингтон.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.

На средбата се очекува да се разговара за продолжувањето на преговорите з решавање на спорот за името најавено за крајот на месецов.

Коѕијас најави дека Грција е спремна за решавање на прашањето за името и дека тоа ќе го стави јасно на знаење на своите партнери во ЕУ и на Вашингтон. Според него прашањето за името ќе биде затворено во првата половина на 2018 година.