дома Временска Прогноза Следува време какво не очекувавме – до крајот на октомври рекордни температури

Следува време какво не очекувавме – до крајот на октомври рекордни температури

Oд денеска на повеќе места во земјава ќе има умерено наоблачување. И во наредните денови утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.

До крајот на месецов не очекуваат вистински пријатни денови со високи температури некарактеристични за овој период.

Уживајте во сонцето:


Слично нешто најавуваат и европските хидрометеоролози, летово ќе потрае, а во втората половина на оваа недела се очекуваат температури од 7 до 10 степени повеќе во однос на просечните за овој период од годината.

Severe Weather Europe на својот портал објави дека се очекува многу топло време во централна Европа, каде температурите во седината на оваа недела ќе се движат околу 25 степени, во Франција и Шпанија 30 па дури и над тоа.


Наредниот викенд на северот од Европа се очекува температура за дури 15 степени повеќе од просекот.

Многу топло време се очекува и во најсеверните делови од Европа, по ширењето на топлиот бран преку Скандинавија и Атлански океан се до Гренланд.