дома Македонија СЛЕПА СУМ, НО ДИПЛОМИРАВ: Ама на државата не и се исплатеше да...

СЛЕПА СУМ, НО ДИПЛОМИРАВ: Ама на државата не и се исплатеше да ми обезбеди учебници со Браево писмо!

Ема Ананиевска има 24 години. Ако државата не ни создава услови, тогаш треба да си ги создадеме сами, ќе ви рече таа.

Тоа што не гледа не ја спречи нејзе и нејзиното семејство ,, да го кршат мразот” па да ја запишат во редовно образование, да отиде во нижото музичко, да го избере пијаното и денес веќе да е дипломиран пијанист.

Имало луѓе кои и кажувале и ,, слепата” и ,, ти да не си болна, па затоа не гледаш”..