дома Европа Словачка ќe ги тecтиpa cитe гpaѓaни пocтapи од 10 години

Словачка ќe ги тecтиpa cитe гpaѓaни пocтapи од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели.

Сè уште не е јасно дали ваквото национално тестирање ќе биде задолжително или доброволно.

Тестирањето на целото население, како што објасни Матович, е со цел да го открие вистинскиот број на заболени лица во земјата.

Децата помали од 10 години нема да мора да бидат тестирани, рече словачкиот премиер објаснувајќи дека одлуката е донесена врз основа на совети на педијатри.

Словачка има околу 5,5 милиони жители, а тестирањето ќе биде организирано слично како избори, така што ќе има околу 6.000 пунктови во земјата каде што ќе работат седумчлени тимови.