дома Актуелно СЛОВЕНЕЧКИ ТАЕН АГЕНТ СО ДРОН ЈА СНИМАЛ РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: МО на...

СЛОВЕНЕЧКИ ТАЕН АГЕНТ СО ДРОН ЈА СНИМАЛ РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: МО на Словенија негира, разузнавачот тврди дека бил на одмор!

Словенечката телевизија ПОП извести дека агентот на словенечката разузнавачка служба е уапсен во Македонија затоа што правел видео снимки со дрон во близина на резиденцијата на Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во Охрид

Словенецот на Македонската полиција, во средина на април кога е приведен, се претставил како агент на безбедносната разузнавачка служба на Словенија, идентификувајќи се со картичка од членство во НАТО, пренесува СТА.

Тој на полицијата и рекол дека бил на тајна мисија во Наполи (Италија), а дека во Македонија бил приватно, додавајќи дека дронот бил во негова приватна сопственост и дека со него управувал доека ирал со своето дете.

Според медиумиските наоди, македонската полиција веднаш го привела Словнецот му ги запленила документите и дронот и го осмничила со шпионажа, притоа известувајќи го министерството за надворешни работи на Словенија.

Словенечкото министерство за одбрана потоа ги контактирало македонските власти, по што Словенецот ги добил назад документите и дронот и е ослободен со парична казна од 500 евра.

Веднаш по ослободувањето ја напутил Македонија, а според наодите на телевизијата ПОП, МО на Словенија инсистира на тоа дека не бил на тајна мисја во Македонија.