дома Свет СЛУГИНКАТА НА ХИТЛЕР РАСКАЖУВА: Фирерот го служеа 22 девојки и сакаше да...

СЛУГИНКАТА НА ХИТЛЕР РАСКАЖУВА: Фирерот го служеа 22 девојки и сакаше да спие до 2 попладне

Елизабет Каламер, Австријка која работела како слугинка во куќата на Хитлер во Баварија, после 71 година го прекина молкот и опиша како изгледал животот на имотот, додека нацистичкиот лидер бил таму.

Калмер сега има 89 години и открива дека љубовницата на Хитлер, Ева Браун се грижела за домашните работи, а вработените ѝ се обраќале со „Хајл, млада дамо“. Таа открива дека Хитлер имал проблеми со слезината, поради што строго се придржувал до препишана диета.

Сепак тој често имал „напади“ на глад во текот на ноќта, па по вечерните состаноци одел во кујната за да јаде колач, кој бил подготвуван специјално за него.

Слугинката открива дека Фирерот доста често спиел до 2 попладне.