дома Политика СЛУШНАА И СИ ЗАМИНАА: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија Собранието по обраќањето...

СЛУШНАА И СИ ЗАМИНАА: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија Собранието по обраќањето на Столтенберг

Веднаш по завршувањето на обраќањето на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ги напушти собраниските клупи.

Во салата „Македонија“ моментално трае продолжението на пленарната седница број 30. на која точка на дневен ред е предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации.

На седницата се присутни само пратениците од владејачкото мнозинство.