дома Временска Прогноза СНЕГОТ ГИ ПРЕКРИ ШАРА И МАВРОВО: Неколу центиметри снег на Шапка и...

СНЕГОТ ГИ ПРЕКРИ ШАРА И МАВРОВО: Неколу центиметри снег на Шапка и Маврово, хотелиерите се подготвуваат за сезоната

Зимските центри низ Македонија се под снежна обвивка од неколку центиметри, по обилните врнежи последниве два дена.

 

Сместувачките капацитети во зимските центри низ Македонија, особено на Попова Шапка и Маврово, веќе ги отворија вратите за своите посетители по првиот снег кој направи снежна обвивка од неколку центиметри. 

Во текот на вчерашниот ден пак, снегот предизвика проблеми на неколку патни правци низ Македонија, а до утринава беше забранет сообраќај за тешки товарни возила на превојот Стража.