дома Uncategorized СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве каде вее во моментов

СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве каде вее во моментов

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, а магла од 50 до 100 метри има на патот Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар и од 100 до 150 метри на патните правци околу Битола и Прилеп.

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека граничниот премин Евзони и денеска ќе биде затворен за сообраќајот во двата правца поради штрајкот на грчките земјоделци.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Маглата во Скопската котлина засега не влијае на одвивањето на авиосообраќајот. Според веб страницата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.