дома Временска Прогноза СНЕГ НА СТРАЖА И ВО МАВРОВО: Превојот Стража се уште прооден, Маврово...

СНЕГ НА СТРАЖА И ВО МАВРОВО: Превојот Стража се уште прооден, Маврово пречекува гости

На планинскиот превој Стража и во Маврово провејува слаб снег, но тој, како што информира Авто Мото Сојузот на Македонија, не се задржува на коловозот.

На планинскиот превој Плетвар, пак, поради магла има намалена видливост до 50 метри.

Од АМСМ апелираат до возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.