дома Временска Прогноза Снежен бран ќе ја зафати Македонија

Снежен бран ќе ја зафати Македонија

Под влијание на влажен бран од утре до понеделник ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2).

На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

Во Скопје и околината исто така ќе има нови врнежи од дожд, додека повремено услови за врнежи од дожд и снег ќе има и во Скопската котлина. На околните планини и повисоки места ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 7 степени, додека минималните ќе се спуштаат до околу 0 степени.