дома Свет СНЕЖНА БУРА ВО САД: Завеани градови и затворени институции!

СНЕЖНА БУРА ВО САД: Завеани градови и затворени институции!

По повеќе од 15 години без снег, округот Хумболт во Северна Калифорнија беше погоден од снежна бура.

Во повеќе американски градови се затворени училиштата, а одложени се и седниците на пратениците поради овој втор бран на снежни бури во американскиот северозапад.

Откажани се и голем број на летови.

Во државата Вашингтон измерени се 36цм снег.

Метеоролозите очекуваат бурата да продолжи и денес и во текот на утрешниот ден.