дома Временска Прогноза Снежна покривка веќе има во околината на Дебар, Балканот ќе го зафати...

Снежна покривка веќе има во околината на Дебар, Балканот ќе го зафати снег

Во дебарскиот регион има снежна покривка.

Дебелината на снежната покривка во пониските населени места е неколку сантиметри додека во повисоките таа е над 10-тина и повеќе сантиметри.

„Сообраќајот се одвива непречено, но по влажни коловози, а на некои делови има остатоци од кашест снег, како и појава на помали одрони од камен. Нашите екипи се постојано на терен во расчистување и засега нема проблеми. Сепак препорачување внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, како поради влажниот коловоз, така и поради можноста од појава на одрони“, препорачуваат од дебарската секција на „Македонија пат”.

Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост – Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато” или во вкупна должина од околу 120 километри.

Европејците ќе се смрзнат, а Балканот ќе се соочи со снег. Со ваква прогноза излезе специјализираниот портал Severe Weather Europe. Како што е наведено, „во вторник, околу Алпите и Балканот ќе се развие масивен снег со снежни снежни бури“. Тој дури предвидува помеѓу 20 и 30 см снег во одредени делови на полуостровот.