дома Македонија СНИМКА ОД ОБРАЌАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Нема да го дозволам ова – јас...

СНИМКА ОД ОБРАЌАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ: Нема да го дозволам ова – јас нема да го потпишам указот за двојазичност!

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, преку соопштение вели дека нема да го потпише Указот за законот кој денеска беше изгласан во Собранието.

-Како Претседател на Република Македонија јас ова нема да го дозволам. Затоа, нема да потпишам Указ за прогласување на закон кој е донесен на ваков начин. Закон со кој се злоупотреби европското знаме, закон за кој не се водеше дебата по амандманите кои произлегоа од моите укажувања, закон кој се изгласа вон сите процедури, закон кој е противуставен и закон кој ги крши дадените гаранции.

Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон – пишува Иванов во соопштението.