дома Балкан СНИМКИ ОД ПОПЛАВАТА ВО СОЛУН: Улиците како реки, луѓе не можат да...

СНИМКИ ОД ПОПЛАВАТА ВО СОЛУН: Улиците како реки, луѓе не можат да излезат од автомобилите!

Силно невреме проследено со грмотевици, град и силен ветер, попладнево го погоди Солун. Поради невремето, градската противпожарна служба добила повеќе од 300 повици за помош, пренесуваат грчките медиуми.


Според информациите, спасена е жена која била однесена од големо количество вода, а во тек е и спасување на заглавени луѓе во автомобили на мост поради високото ниво на вода, пренесува грчката агенција АНА.

Голем број продавници и куќи, како и градското собрание се поплавени од обилните врнежи, а улиците се претворени во река.

Во некои делови од градот нема струја, а поради гром, кој удрил во меѓународниот аеродром во Солун, поради безбедносни причини, накратко е прекинато напојувањето на авионите со гориво, наведува грчката агенција.