дома Свет Сноуден: Свeтoт cтaна пoздpaво мecтo нa eдeн дeн

Сноуден: Свeтoт cтaна пoздpaво мecтo нa eдeн дeн

Ситуацијата со падот на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп ја коментираше и познатиот американски свиркач, Едвард Сноуден. На Твитер порача дека корисниците би требало да користат алтернативни апликации за допишување наместо ВатсАп којашто е во сопственост на Фејсбук.

Според него, ова е потсетник дека луѓето треба да користат непрофитна алтернативна апликација за допишување како Сигнал или некои други апликација со отворен код.

Објавата може да ја погледнете ТУКА.

Во уште една објава порача дека Фејсбук и Инстаграм мистериозно се исклучија и со тоа светот стана поздраво место на еден сјаен ден. Сноуден и претходно на Твитер пишуваше дека СингалАп е многу посигурна апликација за користење од ВатсАп.

Сноуден се прослави откако откри тајни американски документи кои покажаа постоење на голем број на проекти за таен надзор.