дома Македонија Собранието денеска треба да гласа за законот за ЈО

Собранието денеска треба да гласа за законот за ЈО

Собранието денеска во 13 часот треба да ја продолжи работата по 135. седница, на чиј дневен ред се Предлог-законот за јавно обвинителство и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

Расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство заврши доцна синоќа, а гласањето, како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.