дома Македонија Советникот од МВР оддал службена тајна

Советникот од МВР оддал службена тајна

Осомничениот советник од кабинетот на министерот Спасовски прибавил доверлива службена тајна и ја споделил со лице против кое се води истрага, пишува Алсат М.

Тој се сретнал со познаничка за да ѝ каже дека полиција ги следи нејзините телефонски повици и ја предупредил да биде повнимателна во тоа што го прави. Исто така, ја замолил да не споменува дека од него ги добива информациите.

Осомничениот вчера беше уапсен по налог на ОЈО и ноќта ја поминал во полициската станица во Кисела Вода. Нему му се изречени мерки на претпазливост.

Инаку осомничениот Д.С. е долгогодишен вработен во МВР. По доаѓањето на Спасовски на функција станал државен советник за криминалистички и полициски работи во кабинетот на министерот.