Заборавете на здрава храна и вежбање. Тајната за долг живот е многу поинаква. Таа се крие во еден пијалок. Барем така верува Мабел Џексон, 100 годишна старица која живее во Суфолк, Англија.
Џексон вели дека таа пие 5 пијачки во текот на денот, две кога другите пијат чај и три во текот на вечерта, кога плете и се одмара.
Секако, не постои медицински податок кој би ги поддржал со факти зборовите на оваа старица, која според многу дефиниции би се сметала за „тежок пијач“. Сепак, во тоа верува и нејзината ќерка Мери Вајтсајд која вели дека токму овој коктел ја одржал во живот нејзината мајка.
Џексон не е единствената која би рекла дека алкохолот ја одржува во живот. Минатата година, Грејс Џонс , 110 годишна старица од Ворчестер – Англија истакна дека тајната на нејзината долговечност се крие во вискито. Во нејзиното интервју за еден од локалните весници, Џонс посочи дека една чаша виски навечер пред спиење е она што и помага да остане жива и здрава.
Не велиме дека тајната на животот и долговечноста лежи во пиењето, но дискутабилно е дали овие две старици се во право.