СОК ОД ПРАСКИ: Без конзерванси, испробан многупати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сокот има одличен освежителен вкус, а оваа количина на шеќер е доволна, но доколку сакате вие може да додадете или одземете по вкус. Има долг рок на траење. Во продолжение прочитајте како да приготвите многу вкусен мармалад од праски и најпознатиот колач со праски и кокос. Уживајте со рецептите на НМД.мк

Потребни состојки: 5 кг неисчистени праски (со семки), 1,5 кг шеќер, 4 лимонтуси и 12 литри вода. Постапка: Праските измијте ги убаво под млаз ладна вода, па со остар нож излупете ги и извадете ги семките. Ставете го блендер со малку вода (одземете од тие 12 литри) и измиксајте во еднолична смеса.

Смесата од мелени праски излејте ја во поголем сад, додадете лимонска киселина и вода, да биде вкуспно 12 литри. Ставете на умерен оган, па од моментот кога ќе зоврие треба да се вари 15 минути. Сварениот сок веднаш треба да се складира во загреани и стерилизирани шишиња.

Шишињата веднаш се затвораат и се завиткуваат во некоја ткаенина, каде треба да останат до ладењето. Вака приготвениот сок може да се чува во текот на цела зима без да се расипе.

Пред послужување најдобро е сокот добро да се разлади. Ако имате вишок праски, направете го и највкусниот мармалад со арома на нане:

Мармалад од праски дополнет со нане: предобар мирис и вкус! Сладок мармалад, вкусен и мирисен! Потребни состојки: 1 кг праски (исчистени од семки), ½ сок од лимон, 400 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 15-тина гранчиња свежо нане

Постапка: на праските им се отстрануваат кората и семките, се сечкаат на коцки и се ставаат во сад за готвење. Се прелеваат со сок од лимон и се промешуваат за рамномерно да бидат натопени со лимоновиот сок.

Се додаваат околу 5 гранчиња нане, и вода колку да ги прекрие праските, па се става на оган да се вари додека добро да омекнат, околу половина час. Се трга од оган, се отстрануваат гранчињата нане и се одлива вишокот вода, т.е. се остава околу 100 мл од водата во која се вареле праските.

Омекнатите праски се пасираат, им се додава шеќерот и ванилин шеќерот и добро се промешува. Преостанатите 10-тина гранчиња нане се подврзуваат во парче газа кое потоа се става во кашата од праски.

Се готви на умерена температура со постојано мешање додека да згусне, околу 45 минути до 1 час. Извадете ги гранчињата нане. Мармаладот е готов, складирајте го во чисти и загреани тегли.

Добро затворете ги и свртете ги наопаку, да стојат врз капакот околу 10-тина минути, а потоа вратете ги во нормална положба и оставете да изладат. И ете, ќе добиете мирисен мармалад! За крај, направете го и овој прекрасен колач од праски и кокос – едноставен, лесен и многу вкусен:

Овој лесен колач идеален е за топлите денови, но исто така е одличен и за ладни денови покрај шолја чај. Останува свеж и мек уште неколку денови откако сте го приготвиле.

Одличен е и со сливи, а може да се користат и нектарини, марели, кајсии или вишни. Не е премногу сладок, има сладок вкус, а доколку го приготвите со сливи, тогаш е доста освежителен.

Потребни состојки: 3 јајца со средна величина, 100 г шеќер, 3 ванилин шеќер, 200 г путер омекнат на собна температура, 250 г меко брашно тип 450 или 550, 1 мала лажичка прашок за печиво. За фил: 1 кг праски

За прелив од кокос: 5 белки со средна величина, 1 лажица лимонов сок, 1 прстофат сол, 150 г шеќер, 150 г кокосово брашно, 1 лажица рум. Потребен е плех 34х34 см или слична домензија, а колачот се пече на 180 степени, 40 минути

Постапка: во подлабок сад изматете три јајца, 100 г шеќер и една лажичка екстракт од ванила (или 3 кесички ванилин шеќер). Со миксерот матете 10-15 секунди, колку да се соединат шеќерот и јајцата.

Потоа додајте 200 г путер исечен на коцки и омекнат на собна температура и матете повторно 10-15 секунди колку смесата убаво да се поврзе.

Кога путерот целосно ќе се растопи, додајте 250 г брашно и една лажичка прашок за печиво. Матете со миксерот додека сите состојки убаво да се соединат. Кога ќе забележите дека миксерот потешко работи, исклучете го и продолжете да мешате со шпатула, додека да добиете убава мазна смеса во која нема остатоци од брашното.

Вака добиеното тесто рамномерно распоредете го на плех 34х34 см обложен со хартија за печење. Бидејќи јас немав плех со вакви димензии, смесата ја распоредив во големиот плех од рерна, но оставив празнина од приближно 5 см до крајот.

За фил: убаво измиените праски излупете ги и извадете им ги семките. Потоа исечете ги на листови. Освен праски, може да користите кајсии, сливи или вишни. Наредете ги листовите овошје и пополнете ја целата површина на тестото. Оставете на страна додека го приготвувате преливот со кокос.

Во пет белки додајте 1 прстофат сол и изматете ги пенасто. Додајте една лажица лимонов сок и постепено додавајте го шеќерот додека да добиете цврст снег. Потоа додајте рум и кокосово брашно, па промешајте со шпатула. Жолчките остануваат неискористени (може да ги употребите за друг колач или за крем, сладолед…).

Оваа смеса распоредете ја врз овошјето и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Проверете со чепкалка дали е печен. Штом излади колачот можете да го сечете и да го послужите.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This