дома Социјални Мрежи СОЛЗА ГРЧЕВА МУ ПРЕДЛОЖИ ИДЕЈА НА ИВАНОВ: Да сум на местото на...

СОЛЗА ГРЧЕВА МУ ПРЕДЛОЖИ ИДЕЈА НА ИВАНОВ: Да сум на местото на Иванов би го викнала Путин во Македонија!

По низата на отстапки кои оваа влада ги направи, наводно со цел да се релаксирала тензијата помеѓу Македонија и Грција, а во насока на подобрени услови за решавање на спорот за името Македонија, но и по скандалот со протерувањето на Руски дипломат од Македонија, тазе лидерката Солза Грчева со идеја до претседателот на државата

Македонската јавност како и интелигенција бурно реагираше на последните чекори на македонската дипломатија. Започнувајќи од преименувањето на Аеродромот Алескандар Велики и Автопатот Александар Македонски па се до протерувањето на руските дипломати поради случајот Скрипал.

Голем број на експерти ги осудија овие чекори и Заев и Димитров ги прогласија за неискусни и неспособни за водење на македонската надворешна политика. Заев уште пред доаѓањето на власт истакна дека ќе води политика на свиткана кичма, а веројатно тоа е единственото предизборно ветување кое го оствари. Поранешната пратеничка на СДСМ Солза Грчева токму го коментираше овој дипломатски аматеризам на Владата и во последниот својот Фејсбук профил.

Грчева на својот профил вели ,, Да сум на место на Иванов, ќе го преименува аеродромот во Петар Велики и ќе си го викнам Путин на гости. За ум.’’