дома Временска Прогноза Сончево време со температура до 34 степени

Сончево време со температура до 34 степени

МАКЕДОНИЈАСончево време со температура до 34 степениОбјавено пред 6 минути – 13 септември, 2020Од Макфакс

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени, јавува УХМР.

Во Скопје сончево време со мала облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.

Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста и благо намалување на дневната температура. Во четврток попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.