дома Временска Прогноза Сончево и топло со натпросечни температури

Сончево и топло со натпросечни температури

Сончево и топло време со дневни температури над 20 степени ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во утринските часови по одделни котлини ќе има слаба магла.

Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните од 14 до 21 степен.

Во Скопје слично време со утринска температура до -1 степен и дневна до 17 степени.

И во следните денови ќе се задржи топлото време. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. Во претпладневните часови во котлините ќе има услови за слаба магла и ниска облачност. Во среда ќе дува умерен ветер од северозападен правец, долж Повардарието.