дома Временска Прогноза Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Утре во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Потоа следува период на стабилно време, Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура до понеделник ќе опаѓа, а потоа ќе биде во благ пораст. Наутро по котлините кон средината на неделата ќе има се повеќе услови за појава на магла.