дома Хроника СООБРАЌАЈКАТА ПО ВИНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Сообраќајката во Ѓорче Петров поради несовесноста на...

СООБРАЌАЈКАТА ПО ВИНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Сообраќајката во Ѓорче Петров поради несовесноста на градоначалникот Наумовски

Порди обилните снежни врнежи и нерасчистениот пат, во Ѓорче Петров на самиот мост пред населбата Даме Груев, вечерва се случи сообраќајна незгода при што е причинета значителна материјлна штета на две возила.

Една од повредените во сообраќајката е и ќерката на актерката Шенка Колозова, која се враќала од посета на мајка си, која живее во населбата Даме Груев. Таа била полесно повредена и се наоѓа надвор од животна опасност.
Поради незгодата, сообраќајот кратко бил во застој и околу педесетина автомобили чекале на двете страни од мостот. Инаку, жителите на населбата Ѓорче Петров велат дека секоја година се соочуваат со истот проблем, а тоа е ненавремено чистење на снегот на патишта во општината.