дома Македонија СООПШТЕНИЕ ОД МВР: Издаваме потврди со новото име за старите документи со...

СООПШТЕНИЕ ОД МВР: Издаваме потврди со новото име за старите документи со „Република Македонија”

До целосната промена на сите документи МВР веќе почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име „Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по кој било основ престојуваат во државата. Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија – соопшти МВР.