дома Македонија СОПРУГАТА НА ЦИПРАС И ЗАЕВ СИ РАЗМЕНИЛЕ ПОДАРОЦИ: Заева на Перистера и...

СОПРУГАТА НА ЦИПРАС И ЗАЕВ СИ РАЗМЕНИЛЕ ПОДАРОЦИ: Заева на Перистера и подарила бисери, таа пак свилена марама на Зорица

Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев, и партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Перистера Бети Базијана, на денешниот заеднички ручек си размениле подароци. Заева ѝ подарила на Базијана охридски бисери, а таа нејзе свилена марама со цртежи од грчкиот сликар Јанис Моралис, пренесе Сакамдакажам.

Заева и Базијана беа на прошетка низ скопската тврдина Кале. Од таму заминаа на ручек во еден скопски ресторан со поглед на Старата скопска чаршија.