Од одлуката на Владата за нова локација на Клиничкиот центар кај Злокуќани ќе се офајди Мартин Пановски, сопруг на Фани Каранфиловска Пановска, која е прв човек на Фондацијата Отворено општество позната како Сорос. Сега Пановски кој е архитект го советува премиерот Зоран Заев за локацијата на новиот клинички центар.
Сопругата на Пановски пак работи за плата од нешто помалку од четири илјади евра, сега нејзиниот сопруг ја советува Владата. А неговиот совет за промена на локацијата води до тоа новиот клинички наместо да чини 120 милиони евра, според првичните проценки ќе чини најмалку 500 милиони евра.
Проектирањето на новите објекти и инфраструктура на клиничкиот центар четири години интензивно работеа тимови од италијанска компанија, во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји, со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа.