дома Македонија СОСЛУШАНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ: Блиските роднини на Груевски нема да бидат дел...

СОСЛУШАНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ: Блиските роднини на Груевски нема да бидат дел од сведоците во постапката на oбвинитeлcтвoтo!

Јавното oбвинитeлcтвo неделава ќе сослуша доста cвeдoци во рамки на истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а очекува да бидат преземени и доказите барани од Република Албанија, изјави јавната oбвинитeлкa Вилма Русковска, која ја води истрагата за бегството на Груевски во Унгарија.

– Во текот на оваа недела ќе бидат сослушани доста сведоци во таа насока, а се надевам дека исто така во текот на оваа недела ќе бидат преземени и доказите кои беа барани од Република Албанија, изјави Русковска.

Прашана што досега имаат и до каде е истрагата, Русковска, рече дека кога ќе имаат нешто поконкретно ќе го соопштат.

Во однос на сведоците и дали меѓу нив можеби ќе има блиски роднини на Никола Груевски, oбвинитeлкaтa Русковска рече дека блиски роднини нема да има.

– Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци, изјави oбвинитeлкaтa Русковска.