дома Европа Состојбата нe се подобрyва: Одложeн планот за ублажување на ковид мерките во...

Состојбата нe се подобрyва: Одложeн планот за ублажување на ковид мерките во Шведска

Шведска, која во текот на пандемијата ги избегнуваше мерките за заклучување, ќе го одложи планот за ублажување на некои ограничувања поврзани со ковид-19 поради актуелното високо ниво на инфекција, објави владата на таа земја.

Шведска минува низ третиот пандемиски бран, а бројот на пациенти што се лекуваат во одделенијата за интензивна нега е на највисоко ниво од пролетта минатата година, објави „Ројтерс“.

– Кога ќе се намали притисокот врз здравството и падне нивото на инфекција, тогаш владата ќе биде подготвена да почне со укинување на ограничувањата – рече премиерот Стефан Левен на прес-конференција додавајќи дека тоа сè уште не е постигнато.

Во споредба со повеќето земји, Шведска остана релативно отворена за време на пандемијата, но ограничувањата на јавните собири и работното време на рестораните се во сила, а некои објекти, како што се базени и спортски стадиони, се затворени.