дома Македонија СОСТОЈБАТА СО ВОДИТЕ ОПАСНА: Охридското езеро 26 сантиметри над дозволеното, зголемен водостојот...

СОСТОЈБАТА СО ВОДИТЕ ОПАСНА: Охридското езеро 26 сантиметри над дозволеното, зголемен водостојот и на реките

Нивото на Охридското езеро е 26 сантиметри над дозволениот максимален водостој.  Зголемени се нивоата и на реките низ државата, освен на Црна кај Новаци. Дојранското езеро, пак, е пет саниметри под дозволениот максимум.

 

За време на викендот, поради зголемениот водостој но и невремето кое го зафати Охридско-струшкиот регион, езерото се излеа и поплави големи делови на крајбрежјето во Охрид и Струга, а беше предизвикана и значителна материјална штета.

Засега, надлежните немаат решение ниту превземаат одговорност, иако граѓаните го повикаа ЕЛЕМ да одговара за негрижата.