дома Временска Прогноза СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од...

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои места со остатоци од кашест снег, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Снег провејува на Попова Шапка.


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои места со остатоци од кашест снег, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Снег провејува на Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.