дома КОВИД-19 (Коронавирус) СОСТОЈБА ПО ГРАДОВИ И ОПШТИНИ: Карпош и Центар со најмногу заболени во...

СОСТОЈБА ПО ГРАДОВИ И ОПШТИНИ: Карпош и Центар со најмногу заболени во Скопје

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, до 30 март, на ниво на општина на територијата Скопје, зaболени лица од кopонавирус се пpијавени во 10 општини.

Најголем број на случаи на Ковид-19 има во Карпош -34, потоа доаѓа општина Центар, каде има 28 зaболени. 25 регистрирани случаи има во општина Кисела Вода, а само два помалку во Гази Баба.

Следуваат Ѓорче Петров со 14 и Аеродром со 12 зaболени, а во Бутел, Чаир и Сопиште има по седум случаи. Во Илинден има шестмина, а еден од зaболените е странец. Вкупно 12 лица потекнувале од друг град, а живееле во Скопје.

Според денешните информации од Министерството за здравство, на ниво на цела Македонија најмногу случаи се регистрирани во Скопје, вкупно 183 зaразени, а од денеска на второ место е Куманово, каде има регистрирано 54 зaболени. Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи, по седум во Скопје и Куманово, пет во Тетово, два во Прилеп и Струга и по еден зaболен во Гевгелија и Кочани.