дома Европа Социјалдемократите во ЕП бараат екстрадиција на Груевски

Социјалдемократите во ЕП бараат екстрадиција на Груевски

Во извештајот на Европскиот парламент за Македонија, кој за шест дена ќе се најде пред европратениците е можно да влезе и азилот кој Унгарија му го одобри на екс премиерот Груевски, јавува Канал 5.

„Веруваме дека македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски ситем. Ја повикуваме Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстр адираат Никола Груевски во Скопје. Очекуваме сите засеганти страни да се однесуваат стр ого согласно релевантните национални и меѓународни закони, овие судски процеси не треба да се политизираат“, се наведува во едниот од двата амандмани на социјалдемократите.