дома Македонија СО ВЕЛОСИПЕДИ ЌЕ БРКААТ КРИМИНАЛЦИ: Полициската станица Беко доби шестмина полицајци на...

СО ВЕЛОСИПЕДИ ЌЕ БРКААТ КРИМИНАЛЦИ: Полициската станица Беко доби шестмина полицајци на велосипеди

Денеска пред СВР Скопје –Полициска станица Центар беше промовиран проектот “Полицајци – велосипедисти“. На почетокот на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје.

Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина. Овој проект во иднина ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Полицајците – велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата на проектот „Полицијата и граѓаните“ со нови стандарди и начини на комуникација и соработка.