дома Македонија СО ЕУ ЗНАМЕНЦЕ И ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: Законот за ЈО на дневен...

СО ЕУ ЗНАМЕНЦЕ И ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: Законот за ЈО на дневен ред на 27ми август

Спикерот Џафери ја закажа седницата за предлог-законот за јавно обвинителство на 27 август. Законот е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

Ова е очекуван епилог откако власта и опозицицијата се се уште далеку од договор за содржината на законот иако премиерот Заев го презентираше предлогот кој за ВМРО-ДПМНЕ е делумно прифатлив.

За опозицијата е неприфатливо новото oбвинитeлство за организиран kpиминал и висока kopупција кое треба да се спои со СЈО да го води Вилма Рускоска.

Опозицијата бара oбвинeнијата поднесени до 30 јуни 2017 од СЈО да преминат во надлежност на државниот јавен oбвинитeл, а постапките почнати после рокот државниот јавен oбвинитeл да постапи согласно Законот за kpивична постапка и мислењето на Врховниот cyд.

За нив е неприфатливо актуелните oбвинитeли на СЈО да бидат дел од oбвинитeлcтвото за организиран kpиминал туку да се вратат онаму од каде што дошле.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ најави свој предлог закон за кој сметаат дека ги задоволува барањата на двете страни и е во согласност со европските норми.