дома Хроника Со кoj пaмeт..: Кумановец opгaнизиpaл внecyвaњe дpoгa вo штипcки зaтвop

Со кoj пaмeт..: Кумановец opгaнизиpaл внecyвaњe дpoгa вo штипcки зaтвop

Триесет и петгодишен кумановец се товари дека заедно со уште едно лице организирале внесување дрога во затворот во Штип.

– СВР Штип поднесе кривична пријавa против С.С.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, на 09.06.2020, додека пријавениот бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Штип, со едно лице договорил набавка на марихуана и таблетки „бупренорфин“ и организирал внесување во пакет наменет за друго лице.

При преглед на пакетот дрогата и таблетите биле пронајдени и одземени.