дома Политика СО МЕРЦЕДЕСОТ НА ПИВОФЕСТ ВО ПРИЛЕП: Наместо да го продаде и да...

СО МЕРЦЕДЕСОТ НА ПИВОФЕСТ ВО ПРИЛЕП: Наместо да го продаде и да спаси едно дете, Заев на скара и пиво со „Мерцедесот“

Зоран Заев вчера кога инспекцијата затвараше штандови, и се бркаа вработени во Прилеп, беше  присутен на фестивалот на скарата и пивото.

Одлична можност за новиот премиер да присуствува на една беспрекорно организирана манифестација, која деновиве е опседната со инспекции од целата држава, како никогаш до сега. – пишува локалниот „Маркукуле.мк“

И додека граѓаните, посетителите, дуќанџиите и угостителите се гневни на новата влада и начинот на кој сака да го сруши фестивалот на пивото, кој е најголемото и најмасовното случување во државата, Заев со Мерцедесот пристигна во Прилеп – додаваат од Маркукуле

Дали премиерот е дојден да види како напредуваат инспекциите и затворањето на угостителите и дуќанџиите? – прашуваат прилепчани