дома Македонија СО ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ: Марин за 73.000 преку приватна фирма ќе ги...

СО ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ: Марин за 73.000 преку приватна фирма ќе ги информира граѓаните што сработил

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин склучи договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи за нив. Но и да ги едуцира за одговорно граѓанско однесување, објавува „Телевизија 24“

Според „Телевизија 24,“договорот е склучен минатата недела. А имиџот на градоначалникот и општината ќе го гради агенцијата „МЕККЕН“. Иако на веб страницата на Аеродром стои дека за односи со јавност се задолжени 7 лица, од Аеродром велат дека имаат тројца. Тие нема да добијат отказ, туку им бил потребен како што велат „дополнител стручен сервис оти општината продолжува да работи со голем интензитет и има обемна програма.“

„Програмата е обемна и опфаќа активности и проекти од повеќе области. Општинската администрација е задолжена за реализација на програмата, додека улогата на професионалната маркетиншка агенција е преку нивните креативни, стратешки и експертски услуги да овозможи дополнителна поддршка за уште поефикасно креирање, организирање, информирање, презентирање и вклучување на граѓаните во сите тие активности, проекти и акции.“ – одговорија од Општина Аеродром.