дома Политика СО ПЕНКАЛОТО ВО РАКА, МАСОВНО И СО ГЛАВАТА ГОРЕ: На 15-ти октомври...

СО ПЕНКАЛОТО ВО РАКА, МАСОВНО И СО ГЛАВАТА ГОРЕ: На 15-ти октомври да одбереме работа и посилна економија!


Од сите нас зависи во каква Македонија сакаме да живееме. Нашата работа секогаш ќе биде посветена на вас и на Македонија. Секогаш ќе работиме на подобро утре и секогаш ќе се грижиме за нашата заедничка Македонија. Со нас нема празни зборови и општи апстрактни фрази, туку работа и исполнување на ветувањата. Заради сето ова на овие избори велиме гордо и јасно: Секогаш работа, Секогаш Македонија – нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Охрид, со кој партијата ја започна кампањата за локалните избори закажани за 15 октомври.

Понатаму додаде:

Шансата за ова е на 15 октомври, со пенкалото во рака, масовно и со главата горе. Да одбереме РАБОТА и посилна економија, и секогаш да сме на страната на МАКЕДОНИЈА и интересите на народот во неа.